Празник на театарот

,,Son na letnata noc,, na  teatarot,, Vojdan Cernodrinski,, vo oficijalna konkurencija na festivalotТочно 13 претстави во официјалната конкуренција ќе проследат љубителите на театарската уметност на јубилејниот, 50-иот  македонски театарски фестивал “Војдан Чернодрински” (МТФ) од 12 до 19 јуни. Во придружните манифестации, вели уметничкиот директор Петар Темелковски, секоја вечер ќе има понуди на полноќни претстави, потоа промоции на театарски изданија, меѓу кои и монографија за фестивалот, како и изложби.

Свеченото отворање е на 12 јуни на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”, кое ќе биде театарски перформанс “Земјата на Чернодрински – концерт на актерските ѕвезди”, во режија на Дејан Пројковски. На свеченоста, на фестивалот, ќе му биде доделен Орденот за заслуги од претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, за големиот придонес во развојот на театарската уметност. Ќе бидат врачени и наградите за животно дело и признанија на институции кои го поддржуваат фестивалот.

Фестивалската програма почнува на 11 јуни, в четврток, со претставата “Електра” на МНТ во Скопје.

– Од технички и безбедносни причини претставата на МНТ ќе се игра на матичната сцена. Прилепската публика, која лани не го посети новиот објект на МНТ, но и сите што ќе купат влезници, ќе патуваат за Скопје со истата влезница од 150 денари за што ќе има и освежување – вели уметничкиот директор на фестивалот Петар Темелковски.

Годинава ќе се патува и за Велес, каде на новата сцена е претставата “Приказни од шестиот кат” на велешкиот театар.

– Останува определбата да го посетиме секој нов театар. И годинава, публика ќе има можност да гостува во Велес. Со цената на влезницата и за таму е обезбеден бесплатен превоз – додава  Темелковски.

Инаку, влезниците за претставите по цена од 150 денари во продажба ќе бидат пуштени од утре.

Programa za festivqalot vo jpg

Loading