Тенис
Најнадежниот прилепски тенисер Михаил Кусески (Винер про) и натаму е незапирлив во поход кон победите. Во Скопје успеа да ја земе титулата државен првак до 16 години, иако има 15. До првото место стигна со четири победи. Откако во првото коло беше слободен, во второто го совлада клупскиот другар Селчанец, во третото падна битолчанецот Чамуровски, а во полуфиналето го совлада скопјанецот Чаловски. Во финалето совладан е фаворитот од Југ Скопје, Андреевски, со резултат 2-0 (7-6 и 6-1).
Кусески го сметаат за наследник на репрезентативецот Илија Мартиноски.
![]()

