ПОД СО МОЗАИЦИ

Во црквата Св. Петка во Точила

crkvaМозаици ќе го красат мермерниот под во црквата Света Петка во Точила. Се поставуваат и гранитни и травертин плочки врз вграденото подно греење со што верскиот објект ќе биде во функција и во зимскиот период.  

– Куриозитет е што во централните делови под куполните простори ќе се поставува мозаик, комбинација од бои од природни камења, кои на црквата ќе í дадат импозантност и уникатност. Изработени се мермерните делови на иконостасот, што е новитет во нашето опкружување во изградба на цркви. Иконостасот ќе биде од прилепски бел мермер, донација на Мермерниот комбинат, кој дополнително ќе биде обработен. Ќе почне и градбата на камбанаријата и на 8-ми август, денот на Света Петка, ќе има големо осветување – објаснува Бранко Нешкоски од иницијативниот одбор за изградба на црквата.

Паралелно се живописува црквата. Верниците кои сакаат да остават свој белег во храмот, можат по пат на донации да порачаат фреска, житие на својот светец и да се вклучат во изградбата на црквата која во Прилеп никнува по сто години.   

Loading