АСФАЛТ НА КЕЈ 19 СЕПТЕМВРИ

Asfaltirana kej 19 septemvriСе асфалтира Кеј 19-ти септември, откако заврши реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа како дел од проектот за пречистителната станица што се гради со средства од ИПА Фондовите на ЕУ и Владата.

– Комплетно беа поставени колекторите и канализационите цевки на повеќе улици во градов и имаше поголемо раскопување. Претходно се асфалтира ул. “Вера Циривири”. Улицата “Тризла” е завршена околу 80 проценти. Останува уште 250-300 метри за асфалт. Наскоро механизацијата ќе се префрли на ул. “Димо Наредникот” – вели градоначалникот Марјан Ристески.

По заменувањето на канализационата мрежа, иведувачот е должен улиците да ги врати во првобитна состојба.

– На улицата Кеј 19-ти септември поставивме нов колектор со целосно поврзување на латералните улици и со комплетна реконструкција на коловозот во должина од 750 метри, односно во површина од 6000 м2. Заменети се рабниците и се кренати постојните шахти и сливници. Поставен е нов асфалтен слој – вели Владимир Куцуловски од изведувачот Лудвиг Фајфер.

Со реконструкцијата на канализационата мрежа и со изградбата на пречистителната станица, Прилеп ќе обезбеди еко средина за идните генерации. 

Loading