Марш на резервните офицери

Priroda, praktikai zadovolstvoСто резервни офицери од Прилеп, Битола, Македонски Брод, Кичево, Ресен, Охрид и Скопје имаа кондиционо – едукативен марш во кичевско. Пред тргнувањето, делегацијата положи свежо цвеќе на споменикот на загинатиот бранител, Миле Гиноски – Гината во селото Пополжани. Оттаму маршираа осум километри до манастирот Света Богородица Пречиста. Еднодневното дружење на офицерите и подофицерите се заокружи со заеднички ручек во касарната во Кичево.

Маршот го поддржа и АРМ со санитетско возило и амбулантска екипа.

Loading