Виделина за хаику збирката “Во Деницата”

“Подадов дланка

На линијата на животот

Зачекори мравка…”

Prva haiku zbirka na PavleskiОва се само дел од стиховите објавени во збирката “Во Деницата” од авторот Тони Павлески. Тоа е првата збирка хаику поезија објавена во нашиот град, иако Павлески одамна пишува хаику поезија и е добитник на бројни награди.

– Се радувам што со поддршка на Здружението на писатели Манускрипт ја објавив првата хаику збирка, во која  преку поезијата во куса форма, од три стихови, ги пренесувам забележувањата за животот и опкружувањето – вели  Павлески.

Авторот со пишан збор е во единство од средношколските клупи. Објавил две збирки поезија “Воскресозборие” и “Икона”.

Творештвото е објавувано во значајни македонски литературни списанија како што се Стремеж, Корени, Тренд и др. Со хаику поезија кон која е насочен Павлески е застапен во Антологијата на светското и балканско хаику, во збирката  Стихом говорим. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и општинската награда, диплома – Трети  ноември. Стиховите се преведени на англиски, бугарски, српски и хрватски јазик.

Loading