Титулата е име на клубот Спорт 94

Карате

Mnogu medali vo borbi - Sport 94Карате клубот со име Спорт 94, означува титула најдобар спортист на Македонија. Неа ја освои тренерот Петар Белистојаноски далечната 1994 година, кога имаше успешни настапи на Европското јуниорско првенство и Светското сениорско во Малезија. Единствен прилепчанец е кој бил најдобар спортист на државата. Необично е што бил избран на цела држава, а ниту еднаш не бил на градот.

– Членував во клуб од Скопје и затоа не бев земен предвид во изборите на Прилеп. Во главниот град ме изоставаа дека не сум бил скопјанец. Останав единствениот кој никогаш не бил спортист на град, а станал најдобар во државата – потсетува Белистојаноски.

Долги години е тренер во репрезентациите и клубот, а плодовите се гледаат на првенствата. На последното Државно за деца од 11 до 14 години од Спорт 94 настапија деветмина и освоија осум медали. Златни се Марио Ачкоски и Сања Цветкоска, сребрен Бојан Јанков, бронзени Андреј Начоски, Ива Начоска, Христе Мицески, Димитар Трајкоски и Антонио Божиноски. Клубот во генерален пласман е меѓу најдобрите во борби, дисциплина која доминира кај Белистојаноски.

– За разлика од катите, борбите се поголем предизвик, оти имаш ривал со тактика за себе и против него. Внимаваш да не земе поен, да не го повредиш, да не те казнат, тој да не те повреди. Поинтересно е со противник – вели стручњакот.

Тренерот има достојни наследници, како Тодор Ристески, седми сениор на Европа, балкански првак, Мартин Петрески трет кадет во Европа, Андреј Ристески, Сара Симоноска…

Следен настап е Балканското во Црна Гора.

Loading