Се спрема “Премиера во сабота”

Театар

“Премиера во сабота” е новата претстава која ја подготвува ансамблот на театарот. Автор на текстот и режисер е добро познатиот мајстор на комедии Коле Ангеловски.

Претставата премиерно ќе биде прикажана наскоро, а финансиски е поддржана од Министерството за култура.

Ангеловски потенцира дека му е задоволство да режира во нашиот театар, со кого години соработува и создава најгледани претстави.

– Текстот е продолжение на претходниот “Три во едно”. Пак се три различни приказни, со тоа што овојпат дејствието се случува во театар и работата почнува 10 дена пред премиера. На почетокот се уште се проби, се измислуваат сцени, сценографијата не е готова, не се стигнати парите, сé понатаму што се случува пред премиера. Пренесуваме како доаѓаме до крај на претставата, ја оформуваме и во сценографска и костимографска смисла. Епилогот е вистинска премиера. Затоа насловот на текстот е “Премиера во сабота”. Мислам дека публиката ќе проследи комедија на ситуации. Вклучени се 17 актери, кои ќе играат и пеат. Костимите и сценографијата се на Илина Ангеловска, а Томе Темелкоски ќе се погрижи за музиката – вели Ангеловски.

Инаку, Ангеловски речиси секоја година работи комедии во нашиот театар. 

Loading