ПРОШИРУВАЊЕ НА БИЗНИС РЕЛАЦИЈАТА СО ГРАЧАНИЦА

Витаминка

Delegacija od Opstina Gracanica ja poseti VitaminkaПроширување на потенцијалите за соработка меѓу најголемиот македонски производител на кондиторски производи Витаминка и општина Грачаница беше целта на еднодневната средба на делегацијата од соседно Косово, која имаше  можност да  ги  посети  производните  погони  на  компанијата  и  да  се запознае со целосната производна палета.

Според раководството на Витаминка, средбата била во насока на унапредување на соработката. Овој пазар важи за еден од најголемите извозни локации за Витаминка, каде Стоби Флипс е еден од најбараните странски брендови. Делегацијата ја водеше заменик премиерот, Бранимир Стојановиќ, градоначалникот на Грачаница, Владета Костиќ, како и неговиот заменик, Љубинко Караџиќ. Како дел гостите беа началникот на косовскиот округ, Срѓан Петковиќ, правниот застапник на Грачаница, Негован Шарановиќ, претставникот од приватниот сектор, Јовица Дешиќ и претставникот на компанијата во  Косово, “Витаминка  Трејд”,  Расим Мрлаку.

Loading