Дибиров: Треба посилна лига

Ракомет

Prvpat vo Prilep - Timur DibirovКако пријателски, ревијален меч личеше суперлигашкиот дуел за бодови на Прилеп со Вардар (24-36), на кој извесен беше убедливиот гостински триумф, покрај домашниот отпор во првиот дел со 12-15. Публиката подготвена го чекаше крајот, кога многумина втрчаа во теренот да побараат автограми и да се фотографираат со големите ѕвезди. Во метежот “заробени” од фановите беа Ангелов, Прибак, Душебаев, Чипурин, Лазаров… Како ли издржуваат?

– Испотени итаме кон соблекувалната, но кога се во прашање навивачите, нема бегање. И преморени, на крај од сезоната, наше е да излеземе во пресрет. Ова е дел од работата – вели Русинот, пивотот Михаил Чипурин.

Најголема мешаница од навивачи имаше кај крилото Дибиров. Еден од најниските во екипата, но меѓу најкорисните. Играше само во првото полувреме кога постигна три гола, сите од контра и со пласирани, млаки удари над голманот. Првпат доаѓа во градов, по заслуга на РК Прилеп, кој се избори за привлечни мечеви со пласманот во плеј – офот, во друштво на најдобрите. Колку е добро што има за класи посилен шампион од останатите?

– Прилеп многу го сака ракометот. Екипата е добра, може да биде уште посилна. Потребни се посилни екипи за посилна лига – порача Тимур Дибиров.

Следното коло е гостувањето на Прилеп кај Металург. 

Loading