Талеска – виртуоз за торти

Umetnik so torti - Vesna TaleskaМајсторот за торти, кулинарски специјалитети и сервирање на маса, Весна Талеска, беше вицешампион на манифестацијата Вешта жена во манастирот Лешок кај Тетово. Меѓу 19 сопернички од земјава, гастрономската креација на Талеска го предизвика жирито, кое не можеше да одолее на “Огништето” со котле и торта со извајан штрк во гнездо. И декорацијата на маса на прилепскиот виртуоз ги наполни очите на комисијата за оценување.

Прилепските вешти жени секоја година се враќаат закитени со по некоја награда од традиционалната приредба чиј почеток на натпреварот е во Прилеп, а повисокиот ранг е надвор од градот.  

Loading