Талентирани средношколци на Микросам

Blesnaa i srednoskolcite od Akademijata MikrosamСредношколците, кои се дел од Микросам Академијата, талентот го потврдија со постигнување одлични резултати на Државната смотра на млади истражувачи. Први места освоија Стефан Котески во областа примена на софтвер и Стефан Петкоски во роботика под менторство на Емил Тавчиоски и Давор Котески со менторот Мирјана Тромпеска за компјутерско програмирање. А Билјана Трајковска со менторот Игор Димовски се избори за второ место во математика.

Талентите беа гости на штандот од Народна Техника при Саемот за образование.

Loading