Шпански медицински сестри

СОУ Ѓорче Петров

Spanski iskustva za nasi medicinariДевет ученици од профилот медицинска сестра од СОУ “Ѓорче Петров” успешно завршија двонеделна практична обука во Центарот за стари лица во Мадрид, Шпанија преку Проектот на Националната агенција “Грижа и знаење”. Праксата ја изведуваа во две смени, по 5 работни часови, нудејќи нега на старите лица – хранење, местење на нивните кревети, делење терапија, преврзување рани. Со користење на современа медицинска опрема, се запознаа со најновите достигнување за нега на болни лица.

Учениците се задоволни од можноста за професионален напредок. Добија и меѓународно признат сертификат да аплицираат за понатамошно образование. Покрај драгоценото искуство, уживаа во прошетките низ градот кој “никогаш не спие” и вкусувајќи традиционални шпански специјалитети.

Medicinarite od SOU 'Gjorce Petrov' vo akcija za gragjaniteМедицинарите од втора и трета година, за Денот на медицинските сестри, спроведоа акција на мерење на крвен притисок, гликемија и поделија брошури на граѓаните.

Loading