Прва помош за поправање оценки

'Na spremanje' po matematika kaj volonteri od Crven krstСредношколците Матеја Илиеска и Андреа Трпаноска водени од студентката Дијана Илиеска во рамките на програмата на Црвен крст  во акција, спроведоа проект за промоција на хумани вредности. Два месеца им помагаа со математиката на 20 деца од шесто одделение од ОУ “Добре Јованоски”. Двапати неделно имаа дополнителна настава со децата, покажувајќи им “трикови” за полесно совладување на математички задачи. Со волонтерките од Црвен крст, децата успеаа да ги поправат оценките да не останат на продолжителна настава. 

Loading