ПОДДРШКА ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ

Масовен мировен марш

Mars od Lipa do Karpalak za poddrska na bezbednosnite siliЧленови на здружението Прилепски Бранители, на Карпалак, на невладини организации, таксисти, спортисти, професори, земјоделци, пензионери, студенти, средношколци, резервни старешини, културни и здравствени работници беа дел од масовниот мировен марш преку кој прилепчани ја искажаа поддршката на македонската полиција после акцијата за сузбивање на терористичката група во Куманово.

За осумте жртви на полициските сили сочувство до семејствата на загинатите изрази и градоначалник Марјан Ристески кој беше учесник во настаните на Карпалак 2001 година. Тој дава максимална поддршка на Министерството за внатрешни работи и на безбедносните сили, кои се справија со една од најголемите терористички групи на Балканот. Од  името на Советот на Општина Прилеп, благодарност на припадниците за одлучната акција за зачувување на територијалниот суверенитет, изрази претседателот, м-р Никола Димески.

Прилеп уште не ги преболел десетте загинати на Карпалак од конфликтот во 2001 година.

Loading