Патот Прилеп – Градско е нов импулс за стопанството

Соработка меѓу стопанствениците на Кавадарци и Прилеп

Kavadarci i Prilep edinstveni za patotЧленките на регионалните стопански комори на Кавадарци и на Прилеп заеднички ги согледаа можностите за продлабочување на соработката и ја истакнаа потребата од инфраструктурно поврзување. Бизнисмените ја поздравија изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп и со нетрпение ја очекуваат градбата на гасоводот, што ќе даде значителен придонес во развојот на бизнис секторот.

– Заедно сакаме да дадеме придонес за изградба на инфраструктурни проекти. Благодарност до градоначалниците за поддршката за подобрување на инфраструктурата. Стопанската комора на Прилеп има членки, големи компании, со кои можеме да најдеме заеднички интерес – рече претседателот на Регионалната стопанска комора Кавадарци, Митко Јанчев.

Претседателот на прилепската регионална стопанска комора, Наумоски, изрази само пофални зборови за стопанствениците од Кавадарци.

– Доминира заедничката намера за побрза реализација на  регионалниот пат Градско – Прилеп, кој ќе биде од извонредно значење за стопанството на двете општини – рече Наумоски.

Градоначалникот Марјан Ристески ја поздрави соработката меѓу двете стопански комори и нагласи дека отсекогаш се негувале ефектни односи на соработка меѓу двата града.

– Создаваме подобра бизнис клима за стопанството, за постојните капацитети, за проширување и привлекување на домашни и странски инвеститори – рече Ристески.     

Loading