Вторник
Кој ќе биде на тронот, кој ќе биде прогласен за најбизнис за 2014, ќе дознаете во вторник на гала коктел во ресторанот Гурман. Заедно со Регионалната стопанска комора ќе ги прогласиме најуспешните фирми за минатата година.
За ден – два, ете кај е изборот на бизнис за годината што измина. Афирмиравме многу фирми да ги поттикнеме на засилено темпо на напредок. Не ги ставаме под економска леќа да ги мериме до милиметар. Ги овековечуваме успесите во бизнис водите. Заедно ќе го одбележиме седмиот роденден на Зенит.
Цела година, втората страницата ја полневме со различни бизнис приказни, претставувајќи мали и средни локални претпријатија. Зенит отстапи простор на бизнисмените, помали, поголеми, да ја отворат душата пред граѓаните, но и пред деловните партнери, одблиску да ги запознаат, да градат доверба со нив, споделувајќи ги нивните слабости и најсилни бизнис моменти. И читателите кажуваат дека бизнис приказните се во фокусот на интерес. Сочувствуваат и се радуваат со бизнисмените, кои пловеле во бизнис водите низ различни времиња на економијата и во моменти на колебливост, неуспех, издржале и опстоиле и се издигнале на повисоко рамниште. Некои само што кинисале во бурниот бизнис, а некои години, години истуркале и просперирале. Ги вклучиле и брачните партнери, браќата и сестрите, па и цела фамилија, а некои се здружиле и со другарот од детството и станале бизнис партнери.
Во годината што измина ги претставивме Ладење, Жалфија, Еко дизајн, Ресторан Мир, Венчаници Димитриј, Еуроградба Асаноски, Еуроглас, Дизниленд, Изгрев кај Тале, Ангромеханика, Чибук травел, Просперо, Иго-пер 2007, бурекџилница Младост, студио Ла Линеа, пекарница Кај Жиле, Метропол – Стојче, Гарден Корнер, Сити Кембриџ Скул, Авто школа Микадо – Диме, Млакапром, фото и видео студио Дано, Касни порасни, пекара Лида, Фешн Стајл, Урбан Акцесори, фурна Мерак, Ирски паб, Бејбис, Бебемол, Б-три дизајн, Букефал, Касуци, пекара Лукамик, Рома – бутик за чевли, Авто Роки, Палир Занат, Еко трејд ентериери, Урбан шоп, Парадисо, Балканет, Димитра 2007, Солар маркет, Клин, Филаделфија. За најуспешните, најотпорните, најперспективните со идеи, Зенит и годинава ќе обезбеди признанија. И нема да запре. Напротив и понатаму ќе ја одржува традицијата да создаде амбиент за промовирање низ неговите страници на новите и веќе постоечките бизниси.
Бизнис титули
2009 – Витаминка, Прилепска Пиварница, печатницата Гинис, конфекцијата Васидора, Трио, Милко ХФ и Прогрес Комерц.
2010 – Мермерниот комбинат, конфекцијата Комфи ангел, Дониа, Салида, Марфил и Футура, Парадокс, Роман и Оскар Медикал.
2011 – Де-ни компани, Кули, Теракота, Микросам, Еуротерм, Ројтем, Дизниленд, Земјоделци и Ацетони.
2012 – Автоплацот Златески, Сонце ГА, Фурна Алекс, Агенција за обезбедување МК, Крин КГ, Милина и Конфекција Хатра.
2013 – Тритекс, 2006 – Зоки лим и Нат текстил