Група туристи од Италија, претежно пензионери, при откривањето на културата на земјава, беа гости и во градов. Се воодушевуваа на чаршијата, на Саат кулата… Странците побараа да видат некое локално гласило, па го зедоа Зенит в раце да разгледаат некоја фотографија. Љубопитните туристи не го разбираа јазикот, но кажаа дека се обидуваат да научат повеќе за градот од локалниот неделник. Побараа да ја имаат и интернет страницата да се пофалат во Италија од пријатното изненадување во градот, познат по тутунот, мермерот, манастирите и Марковите кули.
{AG}pic/oko/353/italija{/AG}