Денешниот човек е ,,Ништо,,

Премиера на МДС

Premiera na 'Nisto'Младинското Драмско Студио “Чин 4 Сцена 5”, за осумгодишнината вечерва од 20 часот во Киното Мис Стон премиерно ќе ја изведе претстава “Ништо” на авторот Берген фон Франкфуртер, во режија на Саша Нацевски.

Драмската ситуација на комичен начин е фокусирана со сите диверзитети на проблемите на современиот човек.

– Содржината е безизлезноста на модерниот човек, отсуството на цели и вредности, на спиритуалната и емоционалната празнина. Нула, ништо- велат од МДС.

Играат  Сара Спиркоска, Надица Дојкоска, Емилија Чавлеска, Гоце Саздано, Борче Василески и Давид Папазоски, а драматург е Маринко Шлакески, кој покрај драматуршката интервенција е задолжен и за сценскиот говор на младите актери.

Loading