Завршница на инфраструктурата на зоната Алинци

Американците ќе стават први темели

Cefki i struja za infrastrukturata za zonata AlinciНеколку градежни фирми интензивно работат на инфраструктурата на технолошко индустриската развојна зона Алинци, каде наскоро ќе никне првата  фабрика на американскиот инвеститор Гентерм. Ќе се произведуваат делови за автомобили. Според проектот, ќе бидат изградени и пристапни патишта и улици низ зоната, а паралелно се носи и моќен електричен вод од трафостаницата Прилеп, долг неколку километри. Според упатените, речиси за еден месец, зоната ќе биде спремна не само за американската компанија да ја крене фабриката од неколку илјади метри квадратни и во првата фаза да ангажира најмалку 200 работници, туку и за идни инвеститори. Дека гринфилд инвестицијата се движи говори и податокот што Американците веќе основале фирма и за еден од врвните менаџери токмат да изберат млад, искусен и стручен прилепчанец. Се очекува пред Нова Година да биде ставена во функција фабриката, а во меѓувреме да се подготват работници со обука во своите фабрики во Европа и постепено да отвораат нови работни места за да ја остварат проекцијата од две илјади работници.

Дека Прилеп е нападнат од потенцијални инвеститори сведочи и фактот што групација на турски бизнисмени уште го меркаат просторот за градба на голем деловнотрговски и станбен центар на локацијата кај старата зграда на локалната самоуправа. Турците разгледуваат и анализираат простори за градба на хотели, геријатриски центри и други објекти. Дознаваме дека на турскиот конзорциум им оставил впечаток и просторот на старата болница. Не е исклучено тие да влезат во договор со сопственикот на плацот за градба на станбен комплекс кај кружниот тек Солидност.

И германската фирма за автомобилски делови за Мерцедес и БМВ, Акомпласт, ќе ја активира браунфилд инвестиција за 250 работници со вложување од неколку милиони евра.

Американците од Дупонд в година треба да ја почнат градбата на рафинеријата за етанол.

Локалните власти пак, се при крај со инфраструктурата за зоната Прилеп 1 каде веќе се градат неколку фабрики.

Loading