Влез во репрезентација

Пинг – понг

Турнирот на најдобрите осум младинци од цела држава во Штип го потврди уште еднаш големиот талент на Александар Рикалоски од Младост 96. Пионерот не само што рамноправно се носеше со повозрасните, дури и беше подобар од неколкумина. Постигна пет победи и три порази за делба на третото место со уште двајца кои имаа ист скор. Во генерален пласман, се задоволи со петтото место.        Рикалоски претходно заслужи место во Пионерската селекција, со која во јуни ќе учествува на Балканското првенство во Косово.

Уште позначаен е настапот во јули, на Европското во Словачка.

Loading