Во пензионерскиот клуб
Пензионерите и во третата доба се неуморни. Клубот кој го носи името на идеологот Гоце Делчев, во истоимената населба, пригодно го одбележа 4 мај. Чествувањето на 112 годишнината од смртта на македонскиот револуционер беше повод за присет на неговото дело кое остави траен печат во македонската историја. На одбележувањето на патрониот празник присуствуваше и градоначалникот Марјан Ристески.
Членовите на пензионерскиот клуб “Гоце Делчев” постојано организираат активности за исполнување на секојдневието.