Виделина за збирката Носталгија од Асен Стаменов

,,Еден ден ќе ме нема и мене

ќе се сруши и куќата моја,

ќе остане од неа само

куп земја и камен

ќе сведочат за минатото

дека животот се живеел тамо..“.

Ова се дел од стиховите објавени во Носталгија, новата збирка поезија од Асен Стаменов, што ќе биде промовирана на 7 мај, во библиотеката. Се работи за книга  со 57 песни, која претставува лирски дневник од неповторлив формат, во која авторот пишува за сé што е длабоко доживеан спомен и напишан белег за животните сеќавања и бранувања.

– Збирката ја посветив на мојот роден крај, на сопругата и златниот јубилеј – 50 години брак. Ја издадов со поддршка на ДНУ и песните се одговор на аманетот што ми го остави мајка ми ,,да напишам нешто за селото од каде потекнувам, да остане спомен дека и на тоа парче земја некогаш живееле луѓе“ – вели авторот.

Пензионерот Стаменов е автор на збирката Не тагувај таго, објавена во 2009 година. Автор е на три монографии, член е на Клубот на литературни творци од 2011 година. Бил наставник во основно училиште каде оставил длабоки траги во образованието.

Loading