Боди билдинг
По долго време, информираме за успешен настап на боди билдер од градов. Александар Ристески. Беше еден, но вреден претставник на клубот Пауер џим, кој блесна пред судиите да добие највисоки оценки во категоријата јуниори до 75 килограми. Го освои првото место во конкуренција на шестмина. Малата бројка пријавени е поради тоа што во овој спорт е мошне тешко да се добие масовност. Нужни се многу години подготовка и строг режим на тренинзи, исхрана…
Ристески со 22 годишна возраст се занимава веќе шест години со боди билдинг. Амбиции му се нови медали на натпреварувања, а еден од условите е поддршка од градот и бизнис секторот.