Урнат германски авион во Првата светска војна во близината на Прилеп ги собрал граѓаните како околу чудо. Неколку стотина граѓани, првпат виделе “пиле што лета”, ама на земја. Авионот бил сериозно оштетен. Не се знае дали го турнале копнените трупи, кои го стрелале од земјата или пилотот атерирал принудно, поради дефект. Очигледно е дека бил сериозно оштетен. Од сликата не може да се дознае судбината на пилотот.
Сепак, авионот предизвикал внимание. И тогашните војски љубопитно го разгледувале авионот, од кој биле гаѓани со куршуми и биле фрлани бомби со раце на земјата.
Не може да се одгатне на која страна бил паднат авионот. Се знае дека во близина на градот, на Црна Река била линијата на раздвојување меѓу бугарските и германските војски, од едната страна, и сојузничките, француските и англиските, од другата страна. Фронтот бил подолго време, затоа и денес кај селото Канатларци се наоѓаат остатоци од експлозивни направи во затрупаните ровови под земјата.