Фудбал
В недела на програмата е 19. коло од Третата лига – Југ, во кое може да се стави печат за заверка на првенството во поглед на првакот. На три кола пред крајот тоа ќе биде Победа, доколку дома го совлада аутсајдерот Дојранско Езеро. Составот на Дарко Крстески ќе има мотив да победи за да стане првак. И да врати со камата за есенскиот неочекуван пораз од 2-1 во Дојран. Претходно, на градското дерби беше 2-0 против 11 Октомври. Во тоа коло кандидатот за врвот Вардар доживеа уште еден пораз, токму од Дојранско Езеро со 5-3. Така Победа од недела ќе може да се подготвува за бараж, а таму ривали извесно е дека ќе бидат Велешта, Беласица, Љубанци, Зајас или Еуромилк.
Табела: Победа 46 (-1), Вардар 40, Превалец 36, Партизан 29, Борец 22, Г. Коњари 21.