Песталоци во Прилеп

СОУ Ѓорче Петров

Vozvratna poseta na Pestaloci vo SOU 'Gorce Petrov'Точно дваесет Швајцарци од детското село Песталоци го посетија СОУ “Ѓорче Петров” во живо да ги слушнат впечатоците од десетте ученици кои кај нив имаа интеркултурна размена. Гостите ги привлече проектот “Детето – правобранител” и новиот модел на решавање на проблемите во училиштето. Љубопитството беше задоволено кога ученикот Андреј Ристески, носител на оваа улога, детално информира за обврските и за функционирањето на овој модел.

Покрај десетте ученици и проф. Елизабета Милошеска, присуствуваа директорот Дејан Димоски, педагогот Снежана Милошеска и проф. Билјана Тинтоска кои активно работат на проектот заедно со претставниците од коалицијата СЕГА и од Младинската во училиштето.

Loading