ОУ Блаже Конески

Близнаците Лазароски меѓусебе ги поделија медалите на Државниот натпревар по Народна техника. Под менторство на наставникот Бранко Бабаноски, Виктор го грабна златниот медал за ракетно моделарство, а Владимир сребрениот за автоматика.
ОУ “Блаже Конески” го потврди и квалитетот на ансамблите. На регионалните смотри, мандолинскиот оркестар под диригенство на наставничката Марија Неделковска се пласира на првото место и обезбеди билет за државниот во Кавадарци.
Со програмата “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”, 50 ученици и двајца наставници од ОУ “Марија Вера” од Камник, Словенија, навратија на еко посета кај Коневци. Ова е втора средба на збратимените еко ОУ, откако лани Коневци им беа гости во Словенија, потоа заедно го одбележаа Денот на јаболкото преку скајп. При посетата ги разгледаа еко убавините на Македонија, разменуваа искуства и стекнуваа пријателства. Еко активностите ги насочија кон селекција на отпадот. Договорена е возвратна посета в година.
![]()

