Марш на 500 планинари за Трескавец

Planinari go zaposednaa TreskavecПланинарите на Козјак засилени со над 500 љубители на природата од земјава “кутнаа” 16 километри и совладаа висинска разлика од над 600 метри на маршрутата од селото Дупјачани до манастирот Трескавец во чест на основоположникот на планинарството Даре Џамбаз. Атрактивната патека на традиционалниот поход за доајенот на планинарството привлече мераклии за пешачење низ шумите и планините од Битола, Скопје, Гевгелија, Пехчево, Штип… Попатно планинарите се воодушевуваа од локалитетот на старомакедонски гробници, Сурун.

Љубезните домаќини ги почестија гостите со гравче за да земат сила за восхитувачките карпи по врвиците кон Маркови Кули, карпестите некрополи, манастирот Свети Архангел Михаил и црквата Свети Димитрија во Варош. 

Loading