Кик-бокс
Марија Матракоска, досега позната по успесите во каратето, се покажа силна и во друг спорт, кик – боксот. Без никаков вовед, веднаш учествуваше на најсилното домашно натпреварување, Државното сениорско првенство во Скопје. Настапи во правецот фул – контакт во две дисциплини лајт и поинт и во двете немаше проблем да стигне до златните медали. Се потврдува дека нашите најдобри каратистки во ката се и одлично психо – физички подготвени. Веќе не држат оспорувањата со спротивни мислења.
Матракоска во мај ќе има меч во Куманово, па во Босна на меѓународен турнир да стане кикбокс репрезентативка за учество на Европското првенство.