Јане Тренчески пак претседател на судот

Судскиот совет го избра кандидатот, судијата Јане Тренчески пак да биде претседател на судот во Прилеп. Судскиот совет имаше уште една кандидатура за претседател за оваа правосудна институција. Тренчески се врати на местото судија, откако пред една година му истече мандатот за претседател, а вршител на должноста претседател беше судијата Жарко Велески.

Тренчески е судија од 2008 година, а пред тоа десетина години беше стручен соработник во судот.  

Претседателот на судскиот совет, Бранко Ушковски, изјави дека изборот е направен на транспарентен начин, почитувајќи ги условите и критериумите, утврдени со Законот за судовите, а кандидатите, преку АКМИС-системот, биле оценети со највисока оцена и во однос на другите имаат добиено најголем број бодови. 

Loading