Бадијала топла вода

Солар маркет

So solarnite sistemi se zasteduva struja - sopstvenikot   Bogeski so ekipataЗоран и Весна Богески со Солар маркет по неколку годишен пробен период, веќе една година бркаат бизнис со продажба на сончеви системи. Бенефитите од користењето сончеви системи најпрво ги почувствувале на “своја кожа”. Во пресрет на идејата за сопствена фирма им излегла државата преку грантот за самовработување. Застапници се на Термо и Теко солар, а нивниот дел од работата е составување, склопување и комплетна инсталација на соларните системи до бањата, кујната. За еден ден сето тип-топ погодено и завршено и од другиот ден муштеријата статрува со штедење на електрична струја. Велат вложувањето е колку еден плазма ТВ. Им олеснуваат на купувачите со можноста за плаќање од 30 до 36 рати. А покрај продажбата и комплетната монтажа, вршат и одржување на системите  

– Има перспектива во овој бизнис. Добро е и за муштериите и за нас. Од поставување на соларниот колектор почнува штедењето на струја, а топла вода имаш во секое време и нема кавги пуштен – непуштен бојлер. Дома инсталирав пред 8 години и уште тогаш видов дека сметката за струја ја намалив околу 50 отсто. Пет рала посолидни патики – толку е вложувањето. Соларното е задоволство, чие плаќање муштеријата нема ни да го сети. Ратата ја плаќа од заштедата на енергијата – вели сопственикот Зоран.

Одлучиле на продажба на “благодети”, кои муштериите можат да ги користат во текот на целата година, без разлика колку и да е ладно. Често добиваат коментари од муштериите дека се пишман што не ставиле соларно многу порано.

– Системот е со вакумски цевки, двослојно стаклени, внатре со бакарна жица, кои ја загреваат водата. Има и грејач, вграден во бојлерот, кој се користи во зимскиот период за догревање на водата. И мал зрак сонце да има, бојлерот постигнува температура и нема зависност од електричен бојлер. Има секаква контрола со електрониката што се поставува во бањата. Се следи температурата на водата во бојлерот – објаснува Богески. 

Најголема реклама е задоволниот муштерија. Имаат побарувања и од други градови. Стигнале и до Битола, Скопје, Охрид. Стојат зад квалитетот и зад сработеното. На услугата додаваат и гаранција и документи за субвенции.

– Тој што е одлучен за соларен, прошетува по другите маркети и се враќа кај нас. Не е само да го продадеме системот и после да не постоиме. На муштеријата му стоиме на располагање и за секаква дополнителна услуга – додава Зоран.

Богески планираат бизнисот да го прошират со парно греење и со панели за производство на струја.  

Loading