Со злато се вратија 12 основци, претежно девојки, демонстрирајќи џудо вештина. “Срцето го оставија на татамите” и на Државниот натпревар во Битола се закитија со златни медали Сара Велеска, Марија Томеска, Гоце Ристески, Марко Кироваков, Дарко и Давор Велкоски од ОУ “Блаже Конески”. Сјаеше златото и кај џудистите Стефани Џамбазоска, Теодора Димеска, Марио Цинцароски од ОУ “Гоце Делчев”, и Михаела Пешталеска, Александра Ристеска, Бојан Пашоски од ОУ “Кочо Рацин”. Во оваа источна борбена вештина прваци беа и Теодора Тасеска, Јорданчо Ѓорѓиоски и Марко Тодорчески од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Вредни беа и 4 сребра и 2 бронзи за Коневци, 1 сребрен и 6 бронзени медали за Гоцеделчевци, како и 2 сребра за “Кире…”.
Прваците од различните категории ќе учествуваат на летен џудо камп.