Во здравствениот дом
Набавени се два нови хематолошки бројачи за анализа на крвна слика со средства од здравствениот дом во вредност од 670 000 денари. Тие се најмодерни бројачи од јапонската фирма Сѕсмеџ кои прават 60 анализи во еден час. Секојдневно, лабораториски анализи на крв и мокрача прават голем број граѓани или 4-5 илјади анализи за еден месец.
Со ова се добива на ефикасност и точност во анализите. Се користат само два реагенси и автоматски се одвива перењето на бројачите со што се заштитуваат и лаборантите од несакани инфекции.
– Инвестиравме 670 илјади денари за подобрување на дијагностиката во лабораторијата. Паралелно, се вработени тројца лекари, а на 22 волонтери, медицински персонал, им е трансформиран работниот однос – вели директорот Петар Ристески.
Здравствениот дом наскоро ќе набави две теренски возила за систематски прегледи по населените места и ќе ги замени класичните електрични светилки во објектот со штедливи за да се редуцира потрошувачката на електрична енергија.
Последниве две години се вложени 27 милиони денари во опрема и реконструкција на Здравствениот дом.
![]()

