“Панаѓур на суетата” од Ала и Чавдар Георгиеви од Бугарија

Изложба на карикатури

Delata na vrvnite karikaturisti pred nasite sogragani“Панаѓур на суетата” е изложбата на 40 карикатури од бугарските карикатуристи Ала и Чавдар Георгиеви што ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенко”.

На Георгиеви ова им е прво претставување во нашиот град. Заедно се од 1982 година и се носители на повеќе од 30 национални и меѓународни награди. Имале пет самостојни изложби во Бугарија, Украина, Македонија. Издале и авторска книга со сатирични цртежи. Автори се на над 60 корици на книги, а нивни дела се наоѓаат во Музејот на карикатури во Базел. Секојдневно работат карикатури во весникот “Новинар”.

Изложбата е плод на соработка со Културниот центар на Бугарија во Македонија. 

Loading