Груевски во Прилеп
Нов експресен пат со 4 ленти ќе ги поврзува Прилеп и Градско, а чија градба ќе почне летово, најави премиерот Никола Груевски пред прилепчани. Според него, годинава ќе почне реализацијата на инвестициите за изградба на нови регионални и локални патни правци, од кои најголем е од Градско до Прилеп, инвестиција од 70 милиони евра.
Нови патишта се: Прилеп – Маркова Чешма во должина од 1,41км во вредност од 12,1 милиони денари, локален пат с. Лениште – Манастир Св. Петка во должина од 0,88км со вредност од 6,6 милиони денари. Наскоро ќе почне и реконструкцијата на железничката станица на која ќе пристигаат и новите шест возови.
На масовниот народен собир во Арената Сонце, Груевски најави продолжување на трендот на нови странски инвестиции и отворање на илјадници нови работни места.
Според него, опозицијата ништо не направила, освен што поставила основа за проблеми и конфликти што била и целта на нарачателите. Странците сакаат стабилна Македонија. Груевски рече дека граѓаните не може да се излажат, тие даваат и земаат мандат, а ВМРО-ДПМНЕ го реализираат тоа што го ветиле. Опозицијата се крие под темата демократија и слобода, бидејќи не оствари ниту еден проект.
![]()

