Михајлова на Европско

Репрезентација

Vo dresot na Makedonija - Zorica MihajlovaРакометарката на Жито Прилеп, пивотот Зорица Михајлова, е дел од успехот на Младата репрезентација на Македонија, која се пласира на Европското првенство. Прво беше совладан Исланд со 24-22, потоа Холандија со 26-19 и на крајот Црна Гора со 18-17. Михајлова доби шанса на сите мечеви од страна на селекторот Симе Симевски. Таа е единствената од клуб од внатрешноста, бидејќи сите останати се од Скопје. Европското првенство ќе се одржи 2016 година во Шпанија.

Следат настапи на Михајлова во Супер лигата, каде се атакува на втората првенствена победа.

Loading