Пред појавата на парната машина, воловите во двојка или ѕевгар не служеле само за приплод. Воловите “бркале” тешки работи. Добитокот, како робовите во историјата на Египет и Рим, освен што тргале дрвени коли, се користеле и за орање. На импровизирани тркала, како макари или трупци се ставале огроми камени блокови, кои воловите ги влечеле до одредено градилиште. Се спрегнувал во јарем и му се поставувало дрвено или метално рало за орање. Така се обработувала земјата. Со потребите за набивање на подлогите на патиштата, воловите тргале и валјак. Го влечеле огромното челично и тешко буре од неколку метри да се набие земјата за да не пропаѓа патот, односно калдрмата.
Ѕевгарите, по планините, носеле трупци, влечеле бандери, дури некаде ги запнувале при дупчење бунари и за вртење на воденичките камења за мелење жито. Иако бавни, располагале со огромна сила. На козји патеки, во тешко пристапните терени, качувале товари кои човек не може да помисли да ги пренесе, ниту со денешната модерна механизација. Затоа воловите биле добро хранети, а налбатите ги потковале со метални обувки да ги користат нозете подолго и да не им се оштетуваат копитата.
И денес воловите се користат по планините за сметнување дрвја по стрмнините и калливите почви.