Во редовите на армијата

Бесплатна објава

ОУ Добре Јованоски

Armijata odlbisku - 9to oddelencite vo poseta na kasarnataДеветтоодделенците од ОУ “Добре Јованоски” заедно со класните раководители се прошетаа во касарната. Визитата на војниците беше во рамките на професионалната ориентација на учениците, како и во знак на соработка со установите од локалната средина. Децата се запознаа со војската, го разгледаа арсеналот на оружје на АРМ, од транспортни воени возила сé до пушки.

–  При несекојдневното искуство ги слушавме предавањата на командирот и војниците – вели ученичката Христина Нунеска.

Се воодушевија на дисциплината и меѓусебното почитување во редовите на армијата и уште повеќе ја ценеа улогата на нашите бранители.

Loading