СОУ Орде Чопела
Група ученици заедно со професорот Игор Галоски од СОУ “Орде Чопела” ја презентираа ветеринарната струка меѓу осмо и деветтоодделенците. Ги посетија “Блаже Конески”, “Добре Јованоски” и “Климент Охридски”. Не ги забораваат ниту останатите ОУ. Средношколците – ветеринари ги споделуваа знаењата на практични работилници. Ги предизвикаа основците да се ориентираат во оваа перспективна струка. Не само теоретски, туку им ги покажаа и основните алати за лекување на животните. Предизвикувајќи интеракција, ги прилагодуваа предавањата со содржините по биологија. Полуматурантите ќе ја посетат и училишната ветеринарна амбуланта за одблиску да се запознаат со оваа хумана дејност.