Прво место за наноматеријали и “лап” шест илјадарки

Гимназија Мирче Ацев

Elena i Nikola vo pohod po 1200 evra za 'Nanomaterijali'

Гимназијалката Бисера Мицеска под менторство на проф. Мартин Наумоски, го “зграпчи” првото место на Регионалниот натпревар по македонски јазик и литература. Со освоените 90 поени од 100 можни, и покрај силната конкуренција, Бисера обезбеди учество на државниот натпревар во Брод. 

Матурантите Елена Вандевска и Никола Момироски со својот проект за “Наноматеријали – материјали на иднината”, на регионалниот натпревар, успеаја да воодушеват професори од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Првото место им донесе и парична награда од шест илјади денари. Заедно со победниците од другите региони, ќе ги мерат силите на државниот натпревар во Струга и ќе имаат шанса да освојат дури 1200 евра. Ментор им е професорката Ана Велјаноска.

Марко Маркоски и Стефан Николоски ја одржуваат традицијата на високи резултати. На државниот натпревар по информатика, во областа програмирање, Марко беше втор, а Стефан зеде пофалница за успешно учество и стипендија за бесплатно студирање на ФИНКИ. Викендов се на “готовс” за Македонската Олимпијада.

Loading