Прилепчанката Жаклина Дамческа е една од петмината членови во новиот анти-корупциски состав, која како и нејзините колеги функцијата, член на Комисијата за спречување на корупцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и ќе ги почитува Уставот и законите. Таа доаѓа од позицијата советник во Државното правобранителство.
Откако најпрвин ја добија довербата на пратениците, новоизбраните членови на Антикорупциската комисија, дадоа свечена заклетва и пред спикерот Трајко Велјановски.
Членовите на Комисијата имаат мандат од четири години и својата функција ја извршуваат професионално. Претседателот, го избираат сами на конститутивна седница и има мандат од една година, со право на уште еден реизбор.
![]()

