Падна Кичево

Жито Прилеп

Конечно триумф и тоа убедлив на суперлигашот Жито Прилеп. Постигнат е против прволигашот Кичево, со девет разлика. Мечот беше во рамките на осминафиналето од Купот. Таму беше очекуваниот пораз во Битола од домашниот Пелистер (30-25). За тренерот Жане Дисоска не е лесно без повредената, бекот Саздова и пивотот Михајлова, која отсуствува поради настапи со младата репрезентација во квалификациски дуели. Нејзиното учество е признание за клубот. Таа дојде пред две години од Струмица.

Претходно во првенството беше поразот од Пелистер, а следниот викенд е слободен за Жито Прилеп.

Loading