Дуќан до дуќан, алка до алка, кој од кој повпечатлив, формираат цел синџир. Насловени со кирилични имиња Хераклеа, Солидност и Рубенсо се синонимите на квалитетните македонски производи од текстил и кожа. Пред нив зеленило и по некое дрвце како украс, а околу нив многу луѓе кои се врткаат не знаејќи што да си купат и каков муабет побрзо да си свртат.
Плочникот сега е нов, а дуќаните изменети. Во Хепи амбиентот луѓето вкусуваат пица, а во комшиите се облекуваат во модерна гардероба.