СОЛЗИ ИКОНА

Чудо во црквата Св. Благовештение

Celuvanje na placot na ikonataМироточи иконата на Свети Никодим Прилепски и Тимански во храмот Св. Благовештение. Чудото се случи на Благовец, на празнувањето на Благовестието на Пресветата Богородица. Мироточењето било забележано на 30 март, а на Цветници почнала да благоуха. Се работи за неколку капки, кои во почетокот биле мали, но со текот на времето се зголемувале сé повеќе и повеќе. Станува збор за копија на иконата зографисана во Зрзевската иконописна школа од страна на монахот Тихон. Копијата е изработена од чтец Стеванче Тодороски, прислужител во храмот Св. Благовештение.

Ова е прва икона на преподобниот Никодим Прилепски и Тисмански, која мироточи во градот. Благата вест за мироточењето на иконата, пред верниците, беше објавена на храмовата слава од страна на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Преспанско – Пелагониски г. Петар. Веднаш после литургијата, иконата беше поставена во средината на храмот на која се поклонија најнапред свештенослужителите.

Голем број верници доаѓаат да го видат чудото во стара црква. 

Loading