“МОМЕНТ НА КОМУНИКАЦИИ” НА ВАЈАРОТ МИЛЕ БРЦЕСКИ

Prva izlozba vo rodniot grad - Mile BrceskiНашиот уметник Миле Брцески, кој живее и работи во Скопје, во очи за Велигден, во галеријата од ЦК “Марко Цепенков” се претставува со изложбата “Момент на комуникации”. Вели дека поставката се темели на скулпторски сценски инсталации со слободни и елегантни човечки форми направени од метал, како и употреба на тродимензионален цртеж кој го растреперува, координира и артикулира просторот околу нив.

– Се претставувам со пет дела, поврзани помеѓу себе, без заклучоци или судови.      Во времето на загубени морални вредности, на трпението, почитувањето и радоста, му дозволуваме на стресот да управува со нашата совест и полека да го уништува детето во нас. Ова е обид да се реши парадоксот на човечката егзистенција, судирот на материјалното и духовното, рационалното и емоционалното – вели уметникот.

На Брцески ова му е прва самостојна изложба, иако досега  учествувал на групни како член на ДЛУП.

Loading