НАСМЕВКАТА Е ИСТА НА СИТЕ ЈАЗИЦИ

ОУ Добре Јованоски

kef za novata slikovnicaВтороодделенците од ОУ “Добре Јованоски” под раководство на наставничката Каролина Николоска, а во соработка со наставничките Величе Јованоска, Винета Џумеркоска и Билјана Ангелевска изработија сликовница за зајакнување на меѓуетничката интеграција. Насловена “Различни сме, но сепак исти”, дечињата низ страниците успејаа креативно и искрено, преку цртежи и стихови, да ги презентираат обичаите и традициите на македонската и ромската култура. Другаруваа едни со други и со заеднички труд порачаа дека сите деца имаат иста насмевка, без разлика на јазикот, верата, обичаите.

А по повод Велигден, заедно со четвртоодделенците, организираа изложба која изобилуваше со прекрасни рачно изработени украси. 

Loading