Доделени признанијата на ДЛУП
ДЛУП првпат по возобновувањето од пред пет години додели награди за најуспешните творци на групната изложба отворена во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков“.
Наградата за животно дело “Велебит Рендиќ” именувана по основополжникот на прилепската ликовна уметност, му припадна на доајенот во ликовната уметност во градов, Илија Миноски.
– Животот го посветив на уметноста и создадов илјадници акварели и едуцирав многу ученици – изјави Илија Миноски.
Во рацете на Тони Чатлески заврши наградата за сликарство “Борко Лазески”.
– Ќе продолжам да творам со несмалено темпо – вели Тони Чатлески.
Марјан Стојаноски се закити со наградата за вајарство “Јордан Грабул”.
– Наградата е поттик за нови творечкии истржувања во скулптурата – вели Стојаноски.
А наградата за графика “Ордан Петлески” отиде кај Александар Џинго.
– Претставив нешто ново – со компјутерска техника, што го забележаа колегите – изјави Александар Џинго.
ДЛУП има простор за работа и продажен салон.
![]()

