ОПА – ИХА ВО БОСНА

Golemata tajfa igraorciЛева, десна, лева, десна, еден, два, три… се слушаат “викотници” во холот на Центарот за култура, три-четирипати неделно. И да нема претстави и приредби, никогаш нема потполно тишина. Мирот го нарушуваат чекорите на младите играорци. Се збираат од најмали до најголеми, да совладуваат движења за играње на дел од богатството на македонските ора. Вртат, подскокнуваат на ритамот на тапаните, на тонот на хармониката, писокот на кавалот…, негувајќи го националното наследство, вардејќи го од заборавот и одржувајќи ја традицијата.

Подготвуваат и по некој настап да ги покажат стекнатите вештини за народни танци. Неодамна, цела тајфа замина на викенд во Босна и Херцеговина, да заиграат и македонско и албанско оро со другарчињата – играорци.  

Loading