ДОМАЌИНЛАКОТ НИЗ ЧЕТИРИ ГЕНЕРАЦИИ

Од мајка на ќерка, од баба на внука

Temelot na semejniot bon-ton - babata Evgenija GorgioskaСемејните вредности во животот не избледуваат низ годините, туку се пренесуваат од колено на колено, од генерација на генерација. Односот прабаба – баба, мајка – ќерка е типичен за семејството на фамилијата на Олга Николова (62), која по професија е специјалист – инфектолог. Во брак е над три децении. Плод се ќерките, Венера Мишашкоска Николова (31) и Сања Талеска (34). Моралните вредности, работливоста, хигиената, а најмногу домаќинлакот, возрасната домаќинка го научила од нејзината мајка Евгенија Ѓорѓиоска (84), која денес е горда на шест внуци и шест правнуци.

Везењето како игра

Растргната од професијата, Николова сите работи целосно ги препуштила во рацете на мајка í. Оставила да ги чува децата, да им дава насоки низ животниот пат и да ги подучува како да ги надминат пречките и предизвиците. За да им биде позабавно, ги научила да плетат и да везат. Затоа сега имаат полни вреќи рачни изработки, најмногу шалчиња, капчиња, ама и по некоја блузичка. Ги советувала да бидат културни, учтиви и добри кон луѓето, да поздрават, иако некој  можеби нема да возврати. Според нив, тоа е темелот на домашното воспитување, а посакувањето некому добар ден е чистилиште на душата. Ефектот од пораките се гледа првин дека Венера станала дипломиран фармацевт, а Сања е стоматолог. И на двете внуки, односно ќерки амбициозноста, хуманоста и посветеноста во работењето им се главни особини. Високоморални, неуморни, ни лево, ни десно од колосекот во кој се движат, и како студенти, а и сега како професионалци во контактот со луѓе, секогаш се пожртвувани и спремни за помош.

– Мајка ми секогаш ни е морална поткрепа. Има и една слабост на која не укажала. Не ме ослободила од патријархалните спреги. Целиот живот сум го посветила на професијата, а помалку на семејството и на себе. Постарата ќерка со благ тон ме прекоруваше дека малку сум í посветила внимание. Многу ме болеше, иако тоа навистина беше точно. Венера имаше 18 месеци кога заминав на специјализација во Скопје. Ова беше причина да ја пренасочам помалата ќерка Венера, наместо медицина, да избере фармација – вели Николова.

Повозрасните пак научиле како да ги поминуваат празниците Бадник, Божиќ, Велигден, како да ја продолжуваат традицијата, пред сé сплотени во една весела, позитивна атмосфера. Тоа е практика кај Николови до ден денес. Често се собираат заедно за викенди, семејни прослави, родендени, а неделниот ручек во слободните денови им е задолжителен. Повеќе сакаат домашен амбиент, иако се мераклии и за шетање. Семејната клима нуди слобода за муабет за децата, работата, да споделат некои рецепти за претстојните празници…. Заедничкиот ден е полн со семејна љубов и хармонија. 

– Правиме планови за Велигден, како да ги бојадисаме јајцата, каков специјалитет ќе приготвиме и какви слатки. На мајка ми и на баба ми им нема рамни за зелник, а сестра ми Сања е “змија” за слатки. Мене ми лежи вапсувањето – додаде Венера.

Внуката учи од бабата

Harmonicna semejna loza - Olga Nikolova so kerkite Sanja i Venera  i vnuciteПосебна престилка, посебни калапчиња за слатки, но и посебно плехче за солено има и внуката Симона (6). По примерот на бабата и мајката, иако малечка, и таа меша прсти во кулинарските работи. Баба í, тетка í и мајка í велат дека Симона е надарена и креативна. Постојано црта и добива награди не само во Македонија, туку и пошироко. Ужива во учењето и пишувањето со бабата си, а мајка í Венера е построга, оти е професорка.

Кругот се врти, па на сцена доаѓаат младите. Сега тие ги учат повозрасните како да се прилагодат на современиот свет. Им упатуваат на прифаќање на поволностите кои им се нудат и наместо да одвојуваат многу време за мали и неважни работи, да го отворат дијапазонот за нови сознанија, без никакви ограничувања. Така бабата Гина мора да ги заборави рачните изработки и исклучиво да користи машински, а мама Олга да го користи интернетот да ги види ќерките и внуците, кога не може оти нема слободно време.

– Настојувам да бидам во чекор со технологијата. Ќерките сакаат да бидам поодморена. Ги почитувам и прифаќам нивните совети. Некогаш можеби ќе се подналутам, но кога подобро ќе размислам, се повлекувам и откривам дека тие се во право – додава Олга.

По карактер се отворени луѓе, а во меѓусебните односи дури и повеќе. Младите Сања и Венера тоа го презеле од бабата Гина, која секогаш била широка, полна со разбирање со нејзината ќерка. Внуките се “исповедаат” за сé на бабата. Не кријат и í ги кажуваат сите тајни. Сметаат дека тоа некогаш е негативно, ама такви тертипи се воспоставиле кај Николови и никој не може да ги урне. Првите симпатии Венера í ги кажала на баба си. Кога мајка í ќе ја искарала, бегала кај баба í. Таа í била закрила и ја бранела со искуство од нејзино време. Сега и малата Симона ги следи стапките на мајка í. Кога ќе ја искараат родителите, бара заштита кај баба í да се пожали, особено за јадење.

Се топи генерацискиот јаз

Разлика во годините на четирите генерации како да не постои. Физичката и психичката блискост ги прави неразделни. Околината ги доживува како сестри и најдобри другарки. Искуствата од минатото споени со сегашноста даваат само позитивни резултати. Венера, иако помлада, честопати ја парафразира баба í и вели,”Баба ми вака и вака рече и тоа навистина да биде така”. Јасно им е што треба, а што не треба да прават, на што да обрнуваат внимание, а на што не. Секоја критика меѓу себе е добредојдена. Така би се надминале потенцијалните недоразбирања и затоа владее клима на меѓусебен респект.

– За успешноста, носечки се љубовта, посветеност кон фамилијата, трпеливоста и толеранцијата. Нужна е и критичноста и самокритичноста. Да се укаже на вистинскиот пат во животот и да се прифатат правилните вредности, а да се избегнат пороците и граѓанските предрасуди. Жално е кога младите свесно се уништуваат. Е, тоа ми е болна точка – алудира Олга како родител, доктор, и педагог.

Издржлива и силна Николова успеала да биде идол во очите на  децата, а приказните на баба им и мајка í Гина, ги слушаат правнуците. Среќна и богата што ги има, и најстариот член уште ги привлекува не само најмалите со бонбончиња, туку и постарите наследници со интересните теми за разговор. А подареното семејно поведение младите го враќаат со цвеќе на мајка си и на баба си.         

Loading